Надградете го Skype на Android со видео пораки
Објавено на 19.11.2015 во Android
Skype мора постојано да нуди нови услуги поради зголемувањето на конкуренцијата, па затоа сега се воведени новите видео пораки за сите Android корисници.
Skype објавил надградба за Android со неколку иновации, интересни функции, од кои една од најинтересните ќе биде можноста за снимање на видео пораки. Сите видео пораки ќе ги примате, ќе можете само со еден клик да ги уредувате во вашата галерија. Новост е исто така брзо и едноставно споделување на Mojis (нешто слично како GIF-слики). Тука е опцијата и за едноставно управување со известувањата, па затоа е добро ако имате уред со Android, веднаш да го преземете Skype од Google Play.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.