Google Camera 3 е новиот стандард за камерата на Nexus 6P и 5X

Објавено на 19.11.2015 во Новости



Google Camera 3 е новиот стандард за камерата на Nexus 6P и 5X

Google ја лансираше третата верзија на Google Camera со нов софтвер за камерата кој целосно е прилагоден на Android 6.0 Marshmallow. Со Google Camera 3 променети се контролите за активација со тоа што на врвот се поставени иконите за режимите на сликање, а десно за активирање на предната или задната камера, како и мени со дополнителни контроли. 

Тука се можни прилагодување на параметрите на сликање, како и пристап до галеријата со слики и видеа. Апликацијата освен Nexus смартфоните ќе може да ја користитат  со Android 6.0 Marshmallow оперативен систем.