Telegram ги исклучи каналите на ИСИС - Енкриптираните апликации под лупа

Објавено на 19.11.2015 во Новости



Telegram ги исклучи каналите на ИСИС - Енкриптираните апликации под лупа

По нападите во Париз се зголемија сомнежите дека терористите комуникацијата ја одржувале преку апликации за енкрипција на пораките за да не може да бидат прислушкувани и следени, но за овие тврдења нема докази. За да го тргне сомнежот дека им помага на терористите Telegram одлучи да ги исклучи околу 80 канали преку кои се испраќаат пораки за следбеници и обожаватели на ИСИС. 

Сепак, терористите во приватните и директните пораки и понатаму ќе бидат тешки за откривање бидејќи содржината е тајна и не може да се пробие.

Анонимус претходно им објавија и хакерска војна на ИСИС со таргетирање на сите нивни сајтови за регрутација и пропаганда.