Умко.мк - едукативна македонска апликација за деца

Објавено на 20.11.2015 во Android



Умко.мк - едукативна македонска апликација за деца

Новата едукативна македонска апликација за деца во предучилишна возраст, од 4-7 години, Умко.мк е супер креативна, која го поттикнува развојот на децата преку забава. Апликацијата е изработена како за мали деца, со цел да се намали пасивноста на децата и содржи 36 тематски едукативни игри.

На пример, ќе им биде дадена слика со терен, па децата ќе треба да кликнат на дисплејот за да погодат каква топка се користи за конкретниот спорт. Во апликацијата се вклучени игри со букви, бројки, бои, релации и логика. Умко.мк има придружба од гласовна асистентка, која зборува на чист македонски стандарден јазик. Ова е супер за вашите деца, ве убедивме да ја преземете? Тоа можете да го направите на овој линк. Жална вест за iOS корисниците е што е достапна само во Android верзија. 

Инаку Умко.мк ја освоил првата награда на конкурсот на Агенцијата за електронски комуникации во 2011 година за најдобра мобилна апликација во Македонија.

Автор: Aleksandar Stankov