Google Play Store ќе допре до нови милијарда корисници

Објавено на 21.11.2015 во Новости



Google Play Store ќе допре до нови милијарда корисници

Google со Android оперативниот систем е најуспешен на пазарот во Азија, но му недостасува пристапот во Кина каде се уште не може да се активира онлајн продавницата со апликации и игри. 

Затоа Google ќе се обиде да ја убеди Кина да го отвори пазарот во наредната година за сервисите и содржините од Google Play Store со што ќе добие пристап до над милијарда корисници.

Од друга страна Google ќе има обврска да ги почитува правилата на Кина за цензура и филтрирање на содржините. 





Прочитајте повеќе: