Windows слави 30 години - Кратка историја на најдобриот десктоп систем

Објавено на 21.11.2015 во Новости



Windows слави 30 години - Кратка историја на најдобриот десктоп систем

Пред точно 30 години Microsoft го претстави Windows десктоп оперативниот систем како наследник на MS-DOS и ја најави револуцијата во PC областа со употребата на првиот маус за навигација низ менито и внесување на команди без целосна зависност од тастатурата. 

Низ следните години Microsoft постојано лансираше нови верзии на Windows со напреден интерфејс, нови апликации и се поголема функционалност и за домашните и за бизнис корисниците. Пишете ни во кометарите која верзија на Microsoft Windows вас ви оставила најголем впечаток досега.