ИСИС го пробил антитерористичкиот извештај за безбедна комуникација

Објавено на 23.11.2015 во Новости



ИСИС го пробил антитерористичкиот извештај за безбедна комуникација

Експертите за антитероризам предупредуваат дека ИСИС го има пробиено извештајот OPSEC во кој на агенциите им се укажува на тоа кои апликации се најдобри за заштита на комуникацијата, како и за тоа кои cloud сервиси за споделување на податоци треба да се избегнуваат. 

Извештајот за оперативна безбедност и антитерористички мерки е изработен за потребите на американската армија и во него стои дека комуникацијата преку Facebook треба да се избегнува, како и Dropbox сервисот, а се препорачува да се користи iPhone за испраќање на пораки бидејќи до внатрешните сервери не може да пробие владата ниту самата компанија. 

Затоа сите теории дека терористите користеле софистицирани апликации за енкриптирани пораки полека паѓаат во вода, а пострашно е што ги знааат сите протоколи на антитерористичките единици, па затоа и нападите во Париз многу полесно ги спровеле. Нема детали како терористите го добиле извештајот, но станува збор за сериозен пробив на протоколите.

Автор: Aleksandar Stankov