Најбогати луѓе во светот според возраста

Објавено на 24.11.2015 во Новости



Најбогати луѓе во светот според возраста

Компанијата Wealth-X креирала список со најбогатите луѓе во 20-те, 30-те, 40-те, се дури до 90-те години од својот живот. На списокот доминираат директорите на технолошките компании како што се Шпигел, Цукерберг и Безос, а титулата на најбогат човек во светот се уште ја држи Бил Гејтс, кој тежи 90 милијарди долари. 

Најбогати на возраст од 20 - 30 години е Еван Шпигел, кој има само 25 години, кој е основач и извршен директор на Snapchat, а тежи 2 милијарди долари. Тој започна во 2011 година со развојот на испраќање на самоуништувачки пораки, а пред две години одби 3 милијарди долари, кои Цукерберг му ги понуди за компанијата. Тоа се покажа како одличен потех, затоа што вредноста на Snapchat три пати повеќе се зголеми оттогаш, која сега изнесува 16 милијарди долари.

Од лицата на 30 години Марк Цукерберг е доминантен, чие богатство се проценува на 50 милијарди долари. Со оглед на тоа што Facebook од квартал до квартал бележи се подобри резултати, треба да очекуваме дека оваа компанија се уште ќе расте. 

Во категоријата на лица од 40 до 50 години доминира основачот на Google, Лери Пејџ, чие богатство се проценува на 41,7 милијарди долари. 

Најбогат кај лицата од 50 - 60 години е Џеф Безос, шефот на Amazon, со богатство до 60 милијарди долари. Пред него се само Бил Гејтс и Ворен Бафет. 

Бил Гејтс има 60 години и тој е најбогат човек на светот, кој тежи 87,3 милијарди долари. Неговата приказна за тоа како го напуштил Харвард, и го основал Microsoft со Пол Ален е добро позната, како и неговите досегашни донации, кои изнесуваат 35 милијарди долари. 

Амансио Ортега има 79 години и е вториот најбогат човек во светот со најголемата модна компанија во светот Inditex. 

Ворен Бафет има добар осет за бизнис и покажа уште на 11 години кога ја купил првата компанија, а денес на 85 годишна возраст неговото богатство надминува 60 милијарди долари. 

Во категоријата на најстари богаташи од 90 години доминира 93-годишната Лилијан Бетенкорт, која тежи 31,4 милијарди долари.