LG го откри главниот проблем со Watch Urbane LTЕ

Објавено на 24.11.2015 во Смарт часовници



LG го откри главниот проблем со Watch Urbane LTЕ

LG Mobile по само еден ден на пласман на новиот смарт часовник Watch Urbane LTЕ мораше да признае дека постои голем проблем кој на долг рок ќе влијае негативно врз уредот па го повлече од продажба. 

Од LG Mobile соопштуваат дека проблемот е лоциран и станува збор за компонента која прв пат ја употребуваат и дека истата не ги исполнува критериумите на квалитет, но дека нема никакви безбедносни пропусти како што тврдеа некои шпекулации. Проблемот е во новиот OLED дисплеј со резолуција од 480 х 480 пикслеи, па штом биде надминат часовникот ќе добие нов пласман.