Новиот Xiaomi MiPad 2 со Intel си ја отвора вратата за Windows 10

Објавено на 25.11.2015 во Новости



Новиот Xiaomi MiPad 2 со Intel си ја отвора вратата за Windows 10

Xiaomi лансираше нов таблет во категоријата на iPad, но главните новитети кои се издвојуваат не се во дизајнот или софтверот, туку во процесорот Intel Z5 Z8500 ‘Cherry Trail’ Atom процесор од 2.25GHz кој е необичен за Android платформата, туку повеќе е насочен кон Windows за десктоп операции.

Затоа за Xiaomi MiPad 2 има две добри вести, а тоа дека процесорот ќе работи многу поефикасно и дека се отвара простор за многу понапредни апликации и мултикаскинг со 2 GB RAM.

Xiaomi MiPad 2 има 7.9 инчен дисплеј со резолуција од 2048 x 1536 која е идентична кај iPad, 8 мегапикселна камера, како и батерија со капацитет од 6950 mAh и тројно поевтин со само 200 долари.