Viber овозможува бришење на испратена порака

Објавено на 25.11.2015 во Новости



Viber овозможува бришење на испратена порака

Сигурно ви се случило на Viber да испратите порака на погрешната личност. Како по некое правило пораките обично содржат нешто што не е за сечие око. Viber отсега за сите корисници има решение за да ја избришаат пораката што ја испратиле на погрешната личност. 

Новата верзија Viber 5.6.5 ви овозможува бришење пораки од разговорот и не остава никакви траги, односно пријателот нема да ја види пораката доколку ја избришете. Доволно е само да ја означите пораката и да кликнете “Delete for everyone”. 

Освен ова, Viber има и опција за споделување на фајлови и документи. Viber 5.6.5 е достапна за Android овде, а за iOS на овој линк.