Сите Android 5.0 Lollipop корисници се во опасност

Објавено на 25.11.2015 во Android



Сите Android 5.0 Lollipop корисници се во опасност

Google може да отклучи дури 74.1% од Android телефоните и не е важно каква заштита користат истите - PIN, лозинка, pattern. Интернет гигантот може да го отклучи било кој уред со постарата Android 5.0 Lollipop верзија.

Новите верзии користат целосна енкрипција, што е основен предуслов за спречување на оваа можност. Досега ништо не се знаеше за ова, а ваквите нешта се совршен мамец за хакери. Споменатата информација излезе од државното обвинителство во Њујорк. 

Нивните документи откриваат дека американските истражители имаат право да го отклучат било кој уред со соодветен судски налог и да ги гледаат податоците во него. Доколку не успеат во тоа, тука настапува Google. Единствен начин моментално Google да не ве шпионира е да ги користите телефоните со новите верзии на Android.





 
Најнови телефони
 
 


{}