Леи Јун: Xiaomi Mi5 вреди да се почека

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Леи Јун: Xiaomi Mi5 вреди да се почека

Директорот на Xiaomi изјави дека е свесен за фановите кои ја чекаа промоцијата на новиот премиум смартфон Xiaomi Mi5 но, ги добија само новите Xiaomi Mi Note 3 и таблетот MiPad 2. Затоа Леи Јун вели дека Xiaomi Mi5 ќе биде смартфон кој вреди да се почека и дека компанијата забрзано работи на производство на супер квалитетни технологии кои ќе бидат искористени, но не откри повеќе детали. Со оглед на одложувањето Xiaomi Mi5 го очекуваме на почетокот на 2016-та.