Номофобија - зависност од вашиот телефон

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Номофобија - зависност од вашиот телефон

Луѓето се повеќе стануваат зависни од своите смартфони и не ги испуштаат од рака, а сега ова пореметување добило и официјално име - номофобија. Ако чувствувате немир кога телефонот не ви е при рака, пропуштате важни нешта во животот, заборавате важни информации затоа што постојано сте на социјалните мрежи или ви се причинуваат звуци од телефон дури и кога ги нема, тогаш најверојатно имате номофобија. 

Недостатокот на интернет, празната батерија или заборавањето на телефонот дома, предизвикува голема нервоза кај номофобите. Според зборовите на Леон Едвардс од компанијата Versapak, тргнувањето настрана од технологијата на луѓето што се зависни од мобилните телефони, може да си го сфатат депресивно и ќе биде фрапантно за нив. Дури 70% од жените имаат номофобија, додека истиот број кај мажите е помал и изнесува 61%. 

Против номофобија можете да се борите сами, ви треба само здрав разум и да ги елиминирате лошите навики. Не праќајте пораки и не проверувајте ги социјалните мрежи додека возите, не носете го телефонот во тоалет и не користете го кога се наоѓате во друштво.