Flipagram му се заканува на Instagram

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Flipagram му се заканува на Instagram

Апликацијата Flipagram е пуштена во употреба 2013 година, која во текот на својата егзистенција се соочувала со голем број на успони и падови. Како и да е, сега брз расте и претставува голема закана за многу социјални мрежи, а најногу за Instagram. 

Flipagram за разлика од Instagram, овозможува објавување на видеа и видео-клипови со песни во траење од 30 секунди. Времето е планирано да се дуплира во текот на наредниот период и да достигне до 1 минута. Се разбира, овде можеа да се објавуваат фотографии и текстови. Кон крајот на 2013 година, Flipagram бил на работ на банкрот, но за неколку месеци станал многу популарен на iPhone телефоните во дури 87 земји низ светот.

Flipagram кон крајот на 2014 година секој месец добивал по 30 милиони нови корисници. На Facebook за тој успех му биле три години, а на Snapchat две. Најголема предност на Flipagram е фактот што видео снимките од 30 секунди се објавуваат на едноставен начин, а видеата на корисниците подоцна може и да се пребаруваат преку Search Engine. Овде можете да видите како изгледа Flipagram, а овде можете бесплатно да го преземете за iOS, Android и Windows Phone. Кажете ни како ви се чини новата апликација?