Raspberry Pi Zero е компјутерче за само 5 долари

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Raspberry Pi Zero е компјутерче за само 5 долари

Raspberry продолжува да изненадува со мини компјутерските модули овој пат со новиот Raspberry Pi Zero кој е микро компјутер со цена од само 5 долари, а со дополнителна опрема може да користи целосни десктоп апликации. 

Микро компјутерот Pi Zero рапсолага со Broadcom BCM2835 процесор, 512 MB LPDDR2 RAM, microSD слот, mini-HDMI излез со подршка за видео од 1080p со 60 фрејмови, microUSB приклучок за полнач и поврзување и GPIO 40 пин. Па, како ви се допаѓа Raspberry Pi Zero и неговата атрактивна цена од само 5 долари.