Vulkan како најдобар графички стандард наскоро за Android

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Vulkan како најдобар графички стандард наскоро за Android

Google ангажираше тим на програмери кои ќе имаат задача да го пренесат новиот графички стандард Vulkan и да го прилагодат за оперативниот систем Android. Предноста на Vulkan во однос на останатите графички софтвери е што дава директен пристап до графичката карта и со тоа програмерите и девелоперите на видео игри и мултимедијални содржини може да прават прилагодувања по мерка за максимални резултати.

Со тоа се отвора можност за многу поквалитетни видео игри со импресивна графика, но и воопшто подобрени визуелни ефекти на Android платформата.