Windows 10 - која е најдобрата антивирусна програма?

Објавено на 27.11.2015 во Windows



Windows 10 - која е најдобрата антивирусна програма?

Оперативниот систем Windows 10 сака да доминира на пазарот во наредниот период, затоа е логично компаниите да се занимаваат со проценка на антивирусните алатки за овој софтвер. Германскиот AV TEST се декларира како "независен институт за IT безбедност“, објавувајќи список на 20 најдобри антивирусни алатки за обичните корисници. Ако имате Windows 10, ви препорачуваме да го погледнете деталниот извештај, без оглед на тоа која антивирусна програма ја користите. 

Проценката се врши според перформансите и заштитата, а конечниот победник според резултатите од AV TEST-от, можете да го одберете од најмоќните: Kaspersky, Avira, Symantec и BitDefender. Нивните апликации ги заземаат првите четири места на списокот со највисоки оценки во сите три категории. 

Понатаму следуваат F-Secure, Trend Micro, McAfee, AhnLab, AVG и Avast, со што се заокружуваат првите десет. Целосниот список со резултатите може да го најдете на овој линк. Се надеваме дека ви помогнавме во изборот.

Автор: Aleksandar Stankov