Спој на Apple и Blackberry - iPhone 6k со тастатура на лизгање
Објавено на 27.11.2015 во Новости
Компанијата Curved Labs креирала вонсериски концепт дизајн на iPhone, наречен 6k кој позајмува многу елементи од естетиката и физичките тастатури на BlackBerry во една идеална комбинација на инаку двата прилично лути конкуренти.
Главниот адут на овој модел на Apple е физичката QWERTY тастатура на лизгање, речиси иста како онаа на новиот Blackberry Priv. Дизајнот е генерално ист како кај претходниот модел.
Погледнете како изгледа iPhone 6k и кажете ни мислење, дали Apple би можел да направи пресврт со ваков телефон на пазарот.
Што мислите за iPhone 6k?
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.