Јакуб Ф. - пиратот се кае за се што украл на интернет!

Објавено на 28.11.2015 во Новости



Јакуб Ф. - пиратот се кае за се што украл на интернет!

Јакуб Ф. од Чешка е хакер што прекршувал авторски права и продавал пиратски софтвери. Со пиратерија се занимавал од забава, не за пари. Се излажал кога мислел дека е премногу мал за да го фатат гигантите како Microsoft. Во тоа се уверил денот кога полицијата му тропнала на врата. 

„Мислев дека не правам ништо лошо. Мислев дека моите постапки не им штетат на големите компании. Не го правев тоа за пари, туку за забава. Бев уверен дека сум мала риба за да би ме фатиле. Но, на крај ме суредија“, вели Чехот Јакуб Ф. 

Последните осум години пиратот ширел пиратски софтвер. Обвинението против него поради кршење на авторски права го подигнале најголемите технолошки и филмски компании како Microsoft, Sony Music, HBO и Twentieth Century Fox. Му се заканувала огромна парична казна на Јакуб, но откако се спогодиле со гигантите, направиле договор да плати многу ниска сума.

Пиратот бил условен да креира видео на YouTubeu, на кое ќе раскаже се за пиратизирањето на софтверите, со тоа што неговото видео мора да има барем 200.000 прегледи. Така ќе му остане само тригодишна условна казна. Се разбира, случајот како него секогаш ги интригира медиумите поради високиот тираж на продадени весници и огромна гледаност.

Јакуб ги исполнил условите за рекордно брзо време. Гигантите сакаат да им дадат до знаење на сите корисници дека не се безбедни доколку се занимаваат со пиратерија, без разлика дали се големи или мали риби. Како ви се чини борбата против пиратерија?