Nailbot - принтер-робот за женски маникир

Објавено на 29.11.2015 во Новости



Nailbot - принтер-робот за женски маникир

На crowdfunding сервисите секогаш има уникатни проекти, а модерните бизниси се во духот на напредна технологија, која наоѓа примена во секоја област.

Со оглед на тоа што жените се големи потрошувачи на козметика, компанијата Preemadonna го креирала Nailbot - принтер-робот, кој изработува квалитетен маникир за жени. 

Примадоните отсега ќе можат каква шара сакаат да испринтаат на своите нокти со помош на смартфон и соодветната апликација. Дали проектот навистина вреди, погледнете на видеото одозгора и пишете ни во коментар. 

Компанијата лансирала кампања на Indiegogo, за која пишува дека и се потребни 159 илјади долари.