LG G4 за цела Европа со Android 6.0 Marshmallow

Објавено на 28.11.2015 во Новости



LG G4 за цела Европа со Android 6.0 Marshmallow

LG Mobile се докажа како еден од најекспедитивните брендови кога се во прашање надградбите за Android оперативниот систем и како што беше ветено ја започна и надградбата за LG G4 со најновата верзија на Android 6.0 Marshmallow за сите корисници во Европа. 

Со софтверот пристигнуваат и нови LG апликации како Capture+ за правење белешки од содржините на самиот екран, потоа Knock Code системот за безбедност има подобрени функции за заклучување на смартфонот, а со Marshmallow ќе ја добиете и Doze апликацијата за менаџмент на батеријата.

Доколку имате LG G4 смартфон пишете ни во коментарите дали кај вас пристигнал новиот софтвер со Marshmallow.





Прочитајте повеќе: