Googlе Glass 2 ќе има дизајн на дигитална змија

Објавено на 29.11.2015 во Новости



Googlе Glass 2 ќе има дизајн на дигитална змија

Според патентите со кои располага Google втората генерација на смарт очилата ќе има флексибилен дизајн или најпластично објаснето како дигитална змија која се навиткува околу главата. Googlе Glass 2 ќе има само една леќа за окото, што драстично се разликува од првиот модел и сега изгледа многу футуристички. 

Очилата ќе имаат вградена камера, микрофон, звучник, како и Bluetooth за поврзување со смартфон и интернет. Овој патент е наменет за спортската едиција на Googlе Glass 2, додека пак за премиум купувачите ќе биде понуден потрадиционален дизајн со две леќи.