Имаме решение кога Chrome премногу ви го кочи компјутерот

Објавено на 29.11.2015 во Новости



Имаме решение кога Chrome премногу ви го кочи компјутерот

The Great Suspender е една од најдобрите екстензии за Google Chrome прелистувачот бидејќи ќе ви помогне во намалување на потребните ресурси кои се ангажирани од отворените интернет страни. 

Доколку интезивно користите интернет, тогаш голема е можноста истовремено да имате отворено и веб сајтови, социјални мрежи, канали како YouTube, некоја лајт игра, мејл и уште многу други сервиси, па затоа The Great Suspender е одлично решение бидејќи неактивните табови во моментот ги компресира и го намалува користењето на ресурсите на RAM меморијата и процесорот. 

The Great Suspender може бесплатно да го инсталирате од Chrome Store.