Првите смарт ТВ на Honor со HarmonyOS - Vision и Vision Pro

Објавено на 11.08.2019 во Новости



Првите смарт ТВ на Honor со HarmonyOS - Vision и Vision Pro

Huawei официјално го претстави својот оперативен систем HarmonyOS, а сега го претстави новиот смарт телевизор на Honor, компанијата што ја поседува Huawei. HarmonyOS е модуларен оперативен систем, наменет за голем број на уреди и во иднина, освен телефони и нови ТВ, можеме да очекуваме носечки уреди, компјутери, смарт звучници и бројни други IoT уреди, па дури и автомобили, чии компјутери ќе го покренуваат тој OS.

Смарт ТВ на Honor е достапен во две верзии: Vision и Vision Pro – двата имаат 4K резолуција, HDR поддршка со 55 инчен дисплеј и 8 јадрен процесор на Huawei. Телевизорите се прилично тенки, и имаат мали рабови околу екранот исто како и смартфоните, додека камерата во Pro моделот е скриена и излегува само кога е потребно нејзино користење, во текот на видео разговорите. Разликата меѓу класичниот и Pro моделот е меморијата: Vision - 16GB, а Pro моделот - 32GB, има поп-ап камера со Full HD резолуција достапна само за Pro моделот. Vision има 4, а Vision Pro 6 звучници. 

Двата модела веќе следната недела излегуваат на кинескиот пазар за цена од 540 долари за Vision, а 680 долари за Vision Pro моделот. Се уште останува непознато дали Honor ќе се прошир и на најстариот континент на светот или ќе остане само за кинески пазар. Ова дефинитивно ни треба и за нашите пазари, затоа што овие модели ќе ги срушат цените и ќе помогнат да добиеме подобри цени.

Автор: Aleksandar Stankov