Децата работат ноќни смени поради роковите за уредите на Amazon

Објавено на 13.08.2019 во Новости



Децата работат ноќни смени поради роковите за уредите на Amazon

Огромен број на смартфони, компјутери, смарт звучници и играчки конзоли се произведуваат и составуваат во кинеската фабрика Foxconn. Тие соработуваат со Apple, Amazon, Sony, Microsoft и други, а Foxconn е познат и по лошите скандали поради самоубиство на работниците во фабриките заради несоодветни услови за работа и злоупотреба на малолетниците за работа.

Протекоа сега информации повторно за злоупотребата на Foxconn на малолетници на лентите за составување на Amazon Echo. Во Кина не е забрането да се вработуваат деца на старост од 16 до 18 години како практиканти, и за нив не важат правилата за прекувремена работа и ночни смени, што Foxconn го прекршил. Foxconn за The Guardian признава дека децата биле вработени илегално и најавиле дека веднаш ќе преземат мерки за да ја решат ситуацијата со зголемен надзор и проверка на системот за вработување на практиканти во сите школи со коишто соработуваат со цел да спречат средношколците во иднина да работат прекувремено и ноќни смени.





Прочитајте повеќе: