Цукерберг за есента спрема голем новитет на Facebook

Објавено на 13.08.2019 во Новости



Цукерберг за есента спрема голем новитет на Facebook

Facebook за неколку месеци би требало да добие уште една нова категорија во мобилната апликација, во која ќе се прикажуваат вестите од големите медиуми. Немаме премногу детали за News категоријата, освен тоа што компанијата потврдува дека работи на тоа.

Моментално протекоа информации дека Марк Цукерберг е во преговори со ABC News, Bloomberg, The Washington Post и други, за содржина што би требало да се прикаже во самата категорија.