Huawei е спремен за „светот после Google“

Објавено на 15.08.2019 во Новости



Huawei е спремен за „светот после Google“

Huawei развива сопствена мапа за навигација, а изгледа дека после 20 август, Huawei и Google ќе тргнат по своите патишта. Корисниците на Huawei уреди ќе може да ги користат услугите на Google, но кинеската компанија е спремна за „светот после Google“.

Новите информации се дека Huawei ја развива својата мапа Map Kit, наменета за девелопери што ќе развиваат апликации за кои се потребни мапи, и кои користат сервис за локација на корисниците. Huawei Map Kit ќе биде достапен на 40 јазици.