Honor 20 Pro доби EISA награда за „EISA Lifestyle Smartphone 2019 - 2020“
Претходно пишувавме дека Huawei P30 Pro беше одбран за смартфон на годината од EISA (Expert Imaging and Sound Association). Honor исто така доби награда - 'EISA Lifestyle Smartphone 2019 - 2020' - за Honor 20 Pro.
EISA опфаќа група на 55 најценети светски списанија во областа на потрошувачката електроника. Huawei P30 Pro е прогласен за најдобар смартфон за 2019. – 2020. година, при што Huawei втора година по ред ја добива оваа награда. Honor 20 Pro доби награда за брилијантниот динамичен холографски дизајн и величествената AI Quad камера. Ова е втора голема награда за Honor 20 Pro, откако на почетокот на оваа година реализираше резултат од 111 бодови на DXOMark. Honor 20 Pro е окарактеризиран од EISA како „совршен избор за тие што бараат напреден, флексибилен и модерно дизајниран смартфон“. Наградите ќе бидат свечено доделени за време на IFA на 6 септември во Берлин од EISA Awards.