Alibaba прв на списокот - Топ 100 кинески интернет компании

Објавено на 18.08.2019 во Новости



Alibaba прв на списокот - Топ 100 кинески интернет компании

Компанијата на гигантот Џек Ма, Alibaba, доминира на списокот на Топ 100 кинески интернет компании, по кој доаѓаат социјалните мрежи Tencent Holdings Ltd и Baidu Inc. на второ и трето место. На четврто место е Ant Financial, објавено е во извештајот на Информативниот центар MIIT.

2018 година беше година на големи инвестиции во технолошки развој и истражувања. Неверојатни 30,38 милијарди долари се вложени во овој сектор, што е зголемување од 45,1% во споредба со 2017 година.