Samsung Galaxy A (2020) серијата: Драстична надградба на камерите до 108MP

Објавено на 19.08.2019 во Новости



Samsung Galaxy A (2020) серијата: Драстична надградба на камерите до 108MP

2019 Galaxy A серијата се продаде одлично кога беше лансирана на почетокот на оваа година, затоа што има од најевтини, до најскапи модели како што е A80 моделот со модуларна камера со лизгачки систем. 

Samsung испорача неверојатни 12 милиони парчиња од цела А серија низ Европа минатиот квартал и продаде два милиона од Galaxy A10, A30, и A50 моделите во Индија во првите 40 дена. Следните Galaxy A91, A81, и A71 ќе бидат со оптички зум и луди мегапикселски цифри. Samsung Galaxy A91 ќе го замени Galaxy A90, кој најверојатно ќе го користи 108 мегапикселниот сензор на Samsung развиен во соработка со Xiaomi што поддржува 6K (6014 x 3384p) видео снимки со 30fps и Tetracell технологија што ги комбинира пикселите со цел да се продуцираат подобри снимки во мрачни позадини.