Huawei Mate X: Официјални слики од сите агли

Објавено на 19.08.2019 во Новости



Huawei Mate X: Официјални слики од сите агли

Кинеската компанија потврди дека Mate X нема да биде лансиран на пазарот во септември, како што беше плоанирано. Една од причините за одложувањето е дека Huawei треба прво да редизајнира некои од деловите на телефонот и да избегне лоши сценарија како што имаше со Galaxy Fold пред лансирањето.

На овие слики може да го погледнете редизајнираниот Mate X. Овие слики биле прегледани од TENAA, кинеската сертифицирана компанија.

Mate X располага со 8-инчен OLED дисплеј, секундарен 6.6-инчен AMOLED дисплеј, Kirin 980 процесор, 6GB/8GB/12GB RAM меморија, 128GB/256GB/512GB ROM меморија, четворна камера од 40MP+16MP+8MP+ToF сензор и батерија со капацитет од 4,400mAh.