Nokia ќе лансира поевтини 5G смартфони

Објавено на 23.08.2019 во Новости



Nokia ќе лансира поевтини 5G смартфони

HMD Global потврди дека следната година преку брендот Nokia ќе лансира неколку поевтини смартфони со 5G мобилна конекција кои ќе бидат полесно достапни за пошироката категорија на потрошувачи.

Според визијата на директорот Јухо Сарвикас, потребно е цените на квалитетните смартфони да се преполоват од тоа што досега е понудено на пазарот во премиум класата. Така 5G мобилната технологија ќе стигне до поголема корисничка база, а Nokia на овој план работи заедно со Qualcomm.