Huawei годинава без Harmony OS смартфон

Објавено на 23.08.2019 во Новости



Huawei годинава без Harmony OS смартфон

Huawei до крајот на годинава не планира да лансира смартфон со сопствениот оперативен систем Harmony OS кој служи како нивен план Б и веќе го развиваат со години во случај да се јави проблем со Android на Google.

Harmony OS е софтверска платформа наменета за различен вид на електронски уреди и Huawei ќе ја користи за своите смарт телевизори и часовници. Сличен пристап има Samsung со нивниот Tizen OS кој никогаш не доби мејнстрим верзија во конкретен смартфон, туку се користи за Galaxy Watch.

Секако, доколку преговорите за нов трговски договор меѓу САД и Кина завршат неславно и ако Трамп наметне забрана за соработка со кинески компании меѓу кои и Huawei, тогаш може да биде активиран Harmony OS во следните смартфони, но раководството на компанијата е цврсто уверено дека нема да имаат проблеми со Google како партнери.