Како се покажа Samsung Galaxy Note10+ на тестот за издржливост?

Објавено на 23.08.2019 во Новости



Како се покажа Samsung Galaxy Note10+ на тестот за издржливост?

Популарниот канал JerryRigEverything го стави на тест на издржливост најновиот моќен премиум фаблет Samsung Galaxy Note 10 Plus со цел да се види како ќе се покаже на вообичаените стресови за гребење на стаклото и маската, како и на сензитивните делови како што се камерите.

Предниот и задниот стаклен панел на Samsung Galaxy Note 10 Plus се заштитени со цврстото Gorilla Glass 6 издржливо стакло, а плус е додадена и заштитна прекривка која се налепува на самиот екран.

Во продолжение погледните ги забавните тестови на издржливост низ кои пројде Samsung Galaxy Note 10 Plus кој е доволно цврст и може да се справи со повеќе видови на предизвици.