Samsung Galaxy Note 10 глобално достапен со 3D Scanner

Објавено на 24.08.2019 во Новости



Samsung Galaxy Note 10 глобално достапен со 3D Scanner

Samsung Mobile го стартува глобалниот пласман на новиот супер моќен фаблет Samsung Galaxy Note 10 кој веќе може да се нарача или резервира од различни канали на продажба, откако на 7 август беше официјално претставен со подобрувања во камерата и S Pen.

Сега е лансирана и нова специјализирана апликација на Samsung наречена 3D Scanner со која преку 3D ToF сензорот на камерата на Samsung Galaxy Note 10 ќе може да правите 3Д скенирани модели од вистински објекти.

Samsung препорачува нивната големина да биде до 80 сантиметри и да се скенираат од сите позиции без други предмети околу нив за да се добие што е можно попрецизен модел. Потоа скенираниот модел како анимација може да се споделува со пријателите.