Lenovo го подготвува A6 Note за средната класа

Објавено на 24.08.2019 во Новости



Lenovo го подготвува A6 Note за средната класа

Lenovo се подготвува за лансирање на нов квалитетен фаблет во средната класа кој ќе има пониска цена, како и солидни перформанси за основно завршување на сите задачи и процеси.

Lenovo A6 Note кој веќе се појави со прва рендер слика ќе има селфи камера во засек на екранот во вид на капка, ќе работи со осум-јадрен Helio P22 процесор, 3 GB RAM и Android 9 Pie оперативен систем, како и двојна главна камера која ќе биде на задната страна.