Преку Google Photos ќе може да барате слики и според текст

Објавено на 24.08.2019 во Новости



Преку Google Photos ќе може да барате слики и според текст

Google Photos добива нова многу корисна функција со која ќе може да пребарувате слики според текстот кој е испишан на нив, односно преку текстот во знаци, реклами или други објекти и предмети.

Понатаму уште подобра функција е тоа што преку апликацијата Lens која е придружна на Google Photos ќе може да го скенирате текстот и да го искористите за пребарување на Google, да го споделите или пак за други намени од ваши потреби.