Lenovo со Killer Note на 5 септември

Објавено на 26.08.2019 во Новости



Lenovo со Killer Note на 5 септември

Lenovo официјално потврди дека на 5 септември ќе одржи голема промоција на која 
ќе биде претставена новата генерација на квалитетни фаблети од премиум класата.

Lenovo како и сите активни брендови се обидува да му парира на Samsung Mobile со нивниот фантастичен фаблет Galaxy Note 10, па затоа го користи слоганот #KillerNote. Сепак, колку оваа нова серија на фаблети ќе биде успешна повеќе воопшто не зависи од пониската цена, туку од изградениот бренд и континуитет.

На 5 септември се очекува Lenovo да ги претстави новите модели на Lenovo K10 Note и K10 Note Pro, па да видиме што ќе имаат да понудат.

Автор: Aleksandar Stankov