Xiaomi Redmi K30 доаѓа со 5G конекција

Објавено на 27.08.2019 во Новости



Xiaomi Redmi K30 доаѓа со 5G конекција

Xiaomi за прв пат ќе лансира нешто поевтин смартфон со поддршка за 5G мобилна конекција, и тоа ќе го направи преку суб-брендот Redmi кој се повеќе добива квалитетни и ексклузивни смартфони.

Тој подвиг ќе го направи следниот модел Redmi K30 кој ќе работи со 5G модем за најбрзата мобилна мрежа. Redmi K30 ќе биде подготвен за презентација на MWC 2020 саемот во Барселона следната година на крајот на зимата.