Huawei Mate 30 Pro откриено дека ќе има Quad камера
Објавено на 27.08.2019 во Новости
Новиот најмоќен фаблет Mate 30 Pro на Huawei најверојатно ќе биде вистински ѕвер и во делот на камерата која сега благодарение на прикажана тизер слика се открива дека ќе има дури четири сензори со дополнителен LED блиц, а непотврдено останува само дали леќите ќе бидат дел од Leica брендот.
Quad камерата на Huawei Mate 30 Pro ќе биде составена од сензор со ултра широка леќа, потоа теле-фото леќа, една ултра голем сензор со 1/1.55” и 3D сензор со ToF технологија. Целосната промоција со сите детали за Huawei Mate 30 Pro ќе се одржи на 6 септември.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.