Huawei планира да произведе над 2 милиона 5G базни станици за 18 месеци!?

Објавено на 28.08.2019 во Новости



Huawei планира да произведе над 2 милиона 5G базни станици за 18 месеци!?

Huawei до крајот на 2019 година ќе произведе околу 600.000 5G базни станици, а следната година ќе има дополнителни 1,5 милиони 5G базни станици, изјави Рен Женгфеи, основачот на Huawei. Компанијата планира такво производство и покрај ограничувањата за пристап кон пазарот на САД. 

„Во Huawei немам желба за ништо освен за испорака на квалитетни технолошки производи за нашите купувачи. Со децении го градевме системот, вложувавме во него, ја ширевме работата и се боревме на пазарот. Годишно трошиме од 15 до 20 милијарди долари само на истражување и развој на нови технологии, затоа веруваме дека кога станува збор за технологија – Huawei заслужува да биде светски лидер“, објаснува Женгфеи.
 
Тој потврдува дека Huawei има комплетна технологија за производство на 5G базни станици и дека во тој дел не зависи од другите производители. Huawei предвидува дека до 2025 година во светот ќе се имплементираат 6.5 милиони 5G базни станици, додека напредната мрежа од новата генерација ќе ја користат речиси 3 милијарди корисници на интернет.

Автор: Aleksandar Stankov