Huawei ќе инсталира Aurora оперативен систем на Русите на 360.000 таблети

Објавено на 29.08.2019 во Новости



Huawei ќе инсталира Aurora оперативен систем на Русите на 360.000 таблети

Кинескиот бренд е во преговори со руските власти, со цел да им помогне во извршувањето на пописот на населението во 2020 година. Huawei е во преговори со Русија за инсталација на рускиот оперативен систем Aurora за 360.000 таблети. 

Huawei почна прво од самиот себе за да бара алтернативен систем, затоа што Америка сака го пресече со користењето на Android оперативниот систем на Google. Сега Huawei наводно соработува со Русија за инсталирање на оперативни системи за нивните пописи. Се уште нема конкретни детали и официјални изјави за оваа голема зделка.