Huawei ќе го претстави новиот Mate 30, но без Android

Објавено на 30.08.2019 во Новости



Huawei ќе го претстави новиот Mate 30, но без Android

Се уште не е официјално потврдено, Huawei наводно планира на средината на септември да го претстави новиот - Huawei Mate 30. Изгледа дека новиот Mate нема да има поддршка од Google, па ниту последната верзија на Android.

Ројтерс вели дека Google им потврдил дека Mate 30 не може да се продава со прединсталирани Google апликации и сервиси поради американската блокада. Привремената дозвола што Huawei ја доби не се однесува на оние уреди што уште не се официјално објавени. Во превод, Huawei може да го претстави Mate 30, но со свој оперативен систем и без поддршка од Google.