Samsung Galaxy A20s ќе има одличен дисплеј

Објавено на 03.09.2019 во Новости



Samsung Galaxy A20s ќе има одличен дисплеј

Samsung наскоро ќе лансира уште еден квалитетен и пред се евтин смартфон со назнаката S овој пат во средната Galaxy A серија, откако се откри дека на 18 септември ќе го лансира Samsung Galaxy M30S.

Новиот Samsung Galaxy A20S веќе е потврден преку кинеската агенција TENNA од каде се дознава дека ќе има 6,4 инчен Infinity V дисплеј, тројна главна камера, како и батерија со капацитет од 4000 mAh.