Huawei дефинитивно го лансира Mate 30

Објавено на 03.09.2019 во Новости



Huawei дефинитивно го лансира Mate 30

Huawei е цврсто уверен дека ќе нема никакви проблеми од новото комплицирање на преговорите за трговската војна меѓу САД и Кина. Затоа најави дека ќе го лансира Mate 30.

Новиот Huawei Mate 30 официјално ќе биде претставен на 19 септември во Минхен под мотото "целосно заокружување". Тука се мисли на распоредот на неговата Quad камера поставена во круг а поддржана од Leica.

Huawei Mate 30 најверојатно ќе ја добие лиценцата од Google за користење на Play Store, а со тоа и на сите услуги на оперативниот систем Android.

Автор: Aleksandar Stankov