Asus Vivowatch SP е најнов смарт часовник со ECG

Објавено на 05.09.2019 во Новости



Asus Vivowatch SP е најнов смарт часовник со ECG

Asus на промотивниот настап на IFA 2019 во Берлин го претстави новиот смарт часовник Vivowatch SP кој е уште еден во категоријата која има поддршка за ECG скенер.

Asus Vivowatch SP ќе се грижи за здравјето на корисникот со тоа што ECG сензорот ќе ја следи работата на срцето и ќе ги пријавува сите аномалии и опасни состојби. 

Asus Vivowatch SP е водоотпорен на длабочина од 50 метри, има керамички елементи на телото а ременчињата може да се менуваат. Засега цената не е соопштена.