Huawei Mate 30 и Mate X под ризик да пристигнат без Google Play Store

Објавено на 08.09.2019 во Новости



Huawei Mate 30 и Mate X под ризик да пристигнат без Google Play Store

Според најновите информации Huawei се уште има предизвици за да ја обезбеди лиценцата од Google за користење на Play Store, а со тоа и на сите апликации за Android на новите смартфони Huawei Mate 30 и Mate X.

Huawei доби второ продолжување од 90 дена за провизорна дозвола за соработка со американските компании, па затоа во изминатиот период немаше суспензија на Play Store на ниту еден смартфон. Сега, кога трговската војна меѓу САД и Кина продолжува постои вистински ризик жртви да бидат токму Huawei Mate 30 и Mate X.

Huawei Mate 30 е смартфон кој следниот месец треба да биде лансиран и е планиран како нов моќен фаблет на компанијата, со нешто пониска цена. Mate X исто така е планиран за октомври како првиот флексиблен смартфон на преклоп на брендот со 5G мобилна конекција, но засега стои опцијата да се користи само Android систем, но без соодветни апликации како Play Store, Chrome, Gmail, YouTube и останатите.