Денес доаѓа iPhone XI - Еве што да очекувате

Објавено на 10.09.2019 во Новости



Денес доаѓа iPhone XI - Еве што да очекувате

Apple денеска на сцената на театарот Стив Џобс ќе ја одржи големата годишна промоција на која ќе ги претстави новите модели од iPhone 11 генерацијата или вкупно три нови смартфони.

Денес може да очекувате Apple за прв пат да ги претстави тројните главни камери на iPhone 11 Pro моделите и како тие ќе функционираат.

Претставен ќе биде и новиот А13 процесор кој треба да донесе подобри перформанси, како и поголеми батерии со повеќе капацитет. За прв пат iPhone 11 ќе има Lightning to USB Type C конектор, како и реверзибилно безжично полнење.

Обичниот iPhone 11 модел ќе има двојна главна камера и цена како ланскиот iPhone XR. Од друга страна пак, iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max од 20 септември ќе се продаваат по цени од над 1000 долари.





 
Најнови телефони
 
 


{}