iPhone 11 го стартува походот со фантастична камера и графика

Објавено на 10.09.2019 во Новости



iPhone 11 го стартува походот со фантастична камера и графика

Apple одржа квалитетна промоција на новите производи меѓу кои приматот го има триото на нови смартфони од iPhone 11 генерацијата. Pro моделите како дел од премиум понудата доаѓаат со неколку фантастични промени, како што е тројната главна камера која нуди врвни резултати при сликање и снимање. 

Леќата со ултра широка камера е главен додаток на модулот на iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max со која ќе може да се прават подобри портрети и слики со фокус на предниот објект додека пак позадината е многу биста и богата со бои и израз. Исто така камерата нуди подобрен Night mode, како и најквалитетно снимање на видеа во 4K HD резолуција со кинематографски ефекти, снимање во забавена снимка и менување на фокалната точка од различните леќи на камерата за широк и крупен кадар. За селфи камерата е додаден широк агол за опфаќање поголема сцена и повеќе луѓе во кадарот или општо опфаќање на поголема површина на сликање и снимање. Интересен новитет е и додавање на slo-mo selfie. 

Основниот модел iPhone 11 како наследник на iPhone XR ќе биде најевтин со 6,1 инчен Liquid Retina дисплеј, двојна главна камера, А13 процесор и батерија за цел ден, ќе се продава по цена од 699 долари.

Интересен новитет во дизајнот на iPhone 11 Pro е изборот и на темно зелена боја на маската, нешто што Apple за прв пат го нуди во премиум класата. Овие модели се и водоотпорни на длабочина од 2 метри потопување во рок од 30 минути. iPhone 11 Pro располага со Super Retina HDR дисплеј и големината изнесува 5,8 и како и 6,5 инчи за Max моделот. 

iPhone 11 Pro од 20 септември ќе се продава со почетна цена од 1000 долари, а Max моделот ќе чини околу 1100 долари. 





Прочитајте повеќе: